Компанијата ЕЛЕМ го пушти во употреба главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод - Гнеотиноо до рудникот Суводолл, проект вреден 18,6 милиони евра, со кој во наредните 25 до 30 години се овозможува непречена работа на термоелектраната РЕК Битола". Транспортниот систем за јаглен е со должина од 10 километри и неговиот капацитет е 3.800 тони јаглен на час. Со неговата изградба се заокружува производствениот процес во површинскиот коп Брод - Гнеотиноо, адекватно се поврзуваат двата руднички капацитети и може да се каже дека трасата која ги поврзува рудниците и термоелектраната Битолаа е целосна и функционална. Со тоа се комплетира системот за искористување на енергетското богатство на јагленокопот Брод - Гнеотиноо и рудникот Суводолл со што ќе се обезбеди стабилна иднина, развојни перспективи и непречена работа на термоелектраната Битолаа во наредните 25 до 30 години.
Компанијата ЕЛЕМ го пушти во употреба главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод - Гнеотиноо до рудникот Суводолл, проект вреден 18,6 милиони евра, со кој во наредните 25 до 30 години се овозможува непречена работа на термоелектраната РЕК Битола".
Транспортниот систем за јаглен е со должина од 10 километри и неговиот капацитет е 3.800 тони јаглен на час.
- Со неговата изградба се заокружува производствениот процес во површинскиот коп Брод - Гнеотиноо, адекватно се поврзуваат двата руднички капацитети и може да се каже дека трасата која ги поврзува рудниците и термоелектраната Битолаа е целосна и функционална. Со тоа се комплетира системот за искористување на енергетското богатство на јагленокопот Брод - Гнеотиноо и рудникот Суводолл со што ќе се обезбеди стабилна иднина, развојни перспективи и непречена работа на термоелектраната Битолаа во наредните 25 до 30 години - истакна премиерот Никола Груевски.
Тој најави дека многу скоро ќе биде пуштена во употреба хидроелектраната Св. Петкаа, во тек е ревитализација на шест хидроелектрани Врутокк, Равенн, Врбенн, Глобочицаа, Шпилјее и Тиквешш. Во тек се подготвителни активности за реализација на проектот Парк на ветерни електрании- Богданци, проектот за изградба на ХЕЦ Бошков мостт, како и подготвителни активности за реализација на проектот Луково Поле.
Како што истакна генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, реализацијата на овој значаен проект беше извршена со главните произведувачи на опремата и изведувачите на работите, германската компанија Тисен Крупп и нејзините подизведувачи ФАКОМ-Скопје, и главниот проектант на трасата и потребната инфраструктура ГЕИНГ-Скопје.
- ЕЛЕМ последниве четири години решително е насочена кон обезбедување долгорочен и стабилен електроенергетски систем. Работиме на активирање нови лежишта на јаглен, во рудникот Суводол засилено се одвиваат активности за целосно отворање за експлоатација на Подинската јагленова серија, во тек е изработка на главен проект за отворање нов рудник за јаглен во Мариово, а до крајот на 2012 година очекуваме да завршат геолошките истражувања во потенцијалното јагленово наоѓалиште Живојно со изработка на елаборати за рудните резерви - нагласи Чингоски.
Тој најави почеток и на два, како што рече грандиозни проекти од исклучителна важност за иднината на РЕК Битолаа, односно модернизација и автоматизација на термоелектраната Битола 33 што ќе се реализира од идниот месец и модернизација на котлите во термоелектраните Битолаа-зафат кој ќе трае три години, а ќе го изведува германската компанија Бабкок Борсигг.